Завршниот турнир од Купот на Македонија по 15 години се враќа во Скопје!
Најдобрите четири екипи во двете конкуренции ќе се борат за првите трофеи во сезоната во рамките на тридневна програма. Кај мажите, на завршниот турнир ќе настапат истите екипи како и минатата сезона – бранителот на трофејот Штип УГД, ланскиот финалист Струмица, како и ГОК Борец и Работнички. Во женска конкуренција, титулата ќе ја брани Наковски Волеј, а предизвикувачи ќе бидат Младост УГД, Вардар ЕМ и Газели Волеј, коипрвпат ќе играат на Ф4 турнир во Купот.
Полуфиналните натпревари кај дамите ќе се играат на 26 март од 17:30 и 19:30 часот, додека ден подоцна, во истите термини, на програмата се полуфиналните дуели кај мажите. Финалните натпревари се закажани за 28 март – женското финале ќе започне во 17:30 часот, а машкото ќе се игра од 19:30 часот. Сите мечеви ќе бидат пренесувани во живо на Македонската телевизија
Ждрепката за полуфиналните двојки во двете конкуренции ќе се одржи следната недела, со присуство на претставници од клубовите учесници.