Вила го победи Лил среде Франција, реми на италијанското дерби во ЛЕ! (ВИДЕО)
Унаи Емери е експерт за европски купови, а во прилог му оди и денешниот резултат, тој со Астон Вила го победи Лил на негов терен.
Единствениот гол на мечот падна во 61. минута кога Оли Воткинс погоди за водство на Астон Вила од 1-0, што беше и конечен резултат.
Немаше победник на италијанската пресметка меѓу Болоња и Рома. По мирното прво полувреме, двата погодока беа постигнати во вториот дел.
Во 50. минута Бернардески донесе предност за Болоња, но гостите преку Лоренцо Пелегрини во 71. минута дојдоа до реми.
Панатинаикос со гол од пенал во самиот финиш, поточно во 88. минута го победи Бетис со 1-0. Таборда беше стрелец на голот.
Порто со победа од 2-1 се врати од гостувањето кај Штутгарт, сите три гола беа постигнати во првото полувреме.
Мофи и Мора донесоа предност од 2-0 за португалскиот тим, а Ундав го ублажи поразот поставувајќи ги конечните 1-2.