Кински: Фудбалот е суров, раното напуштање на теренот беше – болно!
Тренерот Игор Тудор му даде шанса на младиот чувар на мрежата, но неговата одлука предизвика бурни реакции во англиските медиуми и кај фудбалските аналитичари, кои остро го критикуваа. Поддршка за Кински стигна и од неколку познати голмански имиња, меѓу кои Џо Харт, Давид Де Хеа и легендарниот Питер Шмајхел. Утрото по натпреварот, 22-годишниот голман се огласи на социјалните мрежи и ја презеде одговорноста за грешките.
„Како голман сонувате за големи ноќи како оваа, но понекогаш фудбалот е сурова игра и одеднаш сè тргнува наопаку. Јас ја преземам одговорноста за моите грешки. Раното напуштање на играта е болно, а напуштањето на теренот беше еден од најболните моменти во мојата кариера. Но, исто така знам дека сето ова е дел од фудбалот. Паѓаш, но наоѓаш сила повторно да станеш. Благодарен сум им на моите соиграчи и навивачи кои продолжија да ме поддржуваат дури и во вакви моменти. Вашата поддршка ми значи повеќе од сè. Ви ветувам дека ќе продолжам да работам уште понапорно и дека ќе се вратам и ќе го докажам мојот квалитет“, напиша Кински.
Кински пристигна во Тотнем пред 14 месеци од Славија Прага за трансфер вреден 16,5 милиони евра.