Вардар брка чудо во Германија - директен пласман во четвртфинале од Европската лига!
Тимот предводен од Иван Чупиќ во пресрет на оваа средба е првопласиран во групата 3 и самиот ја држи судбината во свои раце. На вардарци им одговара победа или реми во Германија за да го прескокне плејофот и директно да се најде меѓу осумте најдобри екипи во натпреварувањето.
Вардар на првиот натпревар одигран во Скопје славеше со 37-33, но вечерашниот дуел носи многу поголем влог, бидејќи и двете екипи играат за директен пласман во четвртфиналето на Европската лига.
МОЖНИ СЦЕНАРИЈА
- Вардар директно оди во четвртфинале ако победи или ремизира против Мелсунген.
- Мелсунген ќе се пласира во четвртфиналето ако победи против Вардар.
- Бенфика ќе се пласира во плејофот ако победи или одигра нерешено против Кристијанштад.
- Кристијанштад ќе се пласира во плејофот ако победи против Бенфика.