Шампионката на Индијан Велс удри по публиката: Е*ете се сите! (ВИДЕО)

Младата руска тенисерка Мира Андреева направи скандал на Мастерсот во Индијан Велс, откако загуби од Катерина Синијакова со 6-4, 6-7 и 3-6.

Хаосот почна во вториот сет кога го загуби тај-брејкот, по што Русинката го искрши рекетот, но тоа беше само почетокот.

Андреева играше лошо во третиот сет и загуби, по што повторно го фрли рекетот, а потоа испрати пцовка кон публиката.

„Е*ете се сите“, кажа тенисерката.