Лацио конечно победи – Сасуоло падна во Рим (ВИДЕО)

Во последниот натпревар од 28. коло на италијанската Серија А, Лацио вечерва го победи Сасуоло со 2-1 на домашен терен, со што ја прекина лошата серија.

Римјаните сега имаат 37 бода на десеттото место на табелата, додека Сасуоло претрпе пораз по три последователни победи и остана на деветтата позиција со еден бод помалку од вечерашниот ривал. Веднаш штом започна натпреварот, Лацио поведе. Во втората минута од натпреварот, домашните изведоа аут од десната страна во својата половина од теренот, Исаксен ја прими топката, тргна храбро напред, влезе во шеснаесетникот и шутираше. Топката накратко ја одби голманот Муриќ, но само до Малдини, кој немаше потешкотии да ја смести во мрежата - 1-0.

Сасуоло израмни на десет минути пред крајот на првото полувреме. Лориен проигра со Торствед, а потоа од околу 12 метри испрати силен удар во горниот лев агол. Се чинеше дека така ќе заврши натпреварот, но на почетокот на судиското продолжение Лацио, сепак, постигна гол за победа, а херој беше Адам Марушиќ кој ја круниса подобрата игра на својот тим.