Дерби меѓу Сити и Ливерпул, Челси го доби најслабиот ривал во ФА-купот

Денеска се одржа ждрепката за четвртфиналето во ФА-купот, при што беше закажано едно дерби меѓу премиерлигашите Манчестер сити и Ливерпул, додека Челси го доби најслабиот противник „на хартија“.

Арсенал добро помина на ждрепката и ќе игра против Саутемптон, додека Вест хем или Брентфорд ќе се соочат против Лидс јунајтед.

Четвртфинални двојки:

Манчестер сити - Ливерпул

Саутемптон - Арсенал

Порт Вејл - Челси

Вест Хем/Брентфорд - Лидс

Фото: Facebook/ManchesterCity