Тебас контра Чави: Ла Лига не даде „зелено светло“ за враќање на Меси!
Тебас даде спротивна изјава на Чави, односно посочи дека Ла Лига не даде „зелено светло“ за враќање на аргентинскиот фудбалер во неговиот поранешен тим.
„Ла Лига не даде дозвола за враќање на Меси во Барселона во 2023 година“, кажа Тебас.
Меси ја напушти Барселона во 2021 година, кога се пресели во францускиот гигант ПСЖ каде што играше до 2023 година, по што потпиша за Интер Мајами.