Лапорта му врати на Чави: Ако не го сменев, уште ќе губевме!
Лапорта призна дека бил изненаден и повреден од тоа што го слушнал од Чави, но исто така му потенцираше и дека Флик има многу повеќе успех со речиси идентична екипа.
„Изненаден сум и ме повреди. Да бидеш претседател на Барселона значи да носиш многу тешки одлуки, како што беше таа за смена на Чави. Фактите покажуваат дека бев во право, бидејќи со него сè уште ќе губевме. Разбирам дека е повреден, бидејќи со истите играчи со кои губеше, сега Флик победува“, изјави Лапорта.
Исто така Лапорта додаде и дека Чави дозволил да биде искористен од политичките противници во внатрешната борба за власт во клубот.