Aлонсо веќе има вербален договор, само една работа може да го поништи
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, во ноември и декември беше под силен притисок на клупата, а кога стана познато дека Чаби Алонсо е слободен по заминувањето од Реал Мадрид, веднаш почнаа шпекулациите за негово враќање на „Енфилд“.
Во меѓувреме приказната малку стивна, бидејќи Холанѓанецот успеа до некаде да ја стабилизира ситуацијата и да оствари неколку позитивни резултати. Сепак, тие во овој момент не ги исполнуваат амбициите на клубот, особено во Премиер лигата каде што Ливерпул се наоѓа на шестото место. Во ФА Купот стигнаа до четвртфиналето, додека во Лигата на шампионите директно се пласираа во осминафиналето каде што ги очекува двомеч со Галатасарај.
Токму настапот во Лигата на шампионите ќе ја одреди судбината на Арне Слот. Според информациите, раководството на Ливерпул во разговорите со Чаби Алонсо побарало од него да почека до крајот на сезоната за да се направи целосна анализа на резултатите.
Конкретно, Слот би можел да остане на клупата само ако ја освои Лигата на шампионите. Во спротивно, Чаби Алонсо би потпишал тригодишен договор со англискиот клуб.
Тоа, сепак, ќе биде исклучително тешка задача. Доколку Ливерпул ја елиминира Галатасарај, во следната фаза би можел да се соочи со Пари Сен Жермен или Челси, а во истиот дел од ждрепката се и Манчестер сити и Реал Мадрид.