Дончиќ го растури Њујорк, Спарси моќни во меч без одбрани - Тејтум се враќа во ритам (ВИДЕО)

Екипата на ЛА Лејкерс славеше на гостувањето кај Њујорк Никс (110-97), а мечот го одбележа одличната партија на Лука Дончиќ, кој постигна 35 поени, осум скокови и четири асистенции.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина водеа со 31-23. Никс во втората делница успеаја да намалат на 54-49, но третата четвртина беше пресудна – Лејкерс со серија 34-20 создадоа голема предност од 19 поени (88-69). Во финишот тимот од Њујорк немаше сила за пресврт. Кај Никс се истакна Карл-Ентони Таунс со 25 поени и 16 скокови. Со оваа победа Лејкерс имаат скор 39-25, додека Никс паднаа на 41-24.

Сан Антонио Спарс убедливо го совлада Хјустон Рокетс (145-120), демонстрирајќи голема напаѓачка моќ. Тимот од Тексас погоди дури 21 тројка, што целосно го скрши отпорот на противникот. Рокетс подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина водеа со 33-32, предводени од Кевин Дурент и Амен Томпсон. Сепак, Спарс во втората четвртина направија пресврт и на полувреме заминаа со водство 69-57. Голема улога имаше Виктор Вембањама, кој до паузата постигна 15 поени. Во третата четвртина Сан Антонио целосно доминираше и стигна до +24 (101-77), по што рутински го приведе мечот кон крај.

Бостон Селтикс оствари важна победа на гости против Кливленд Кавалирс со 109-98, продолжувајќи ја одличната форма на Истокот. Тимот предводен од тренерот Џо Мазула ја стекна клучната предност во првото полувреме. Во втората четвртина Кливленд постигна само 10 поени, па Бостон на пауза замина со +20. Домаќините во вториот дел се обидоа да се вратат со серија 20-5, но во завршницата повратникот по тешката повреда, Џејсон Тејтум, постигна важни поени и ја осигура победата. Најефикасен кај Бостон беше Џејлен Браун со 23 поени, девет скокови и осум асистенции, додека Тејтум додаде 20. Кај Кливленд се истакна Донован Мичел со 30 поени, а Еван Мобли запиша 24 поени и осум скокови.

РЕЗУЛТАТИ: Кливленд – Бостон 98-109, ЛА Лејкерс – Њујорк 110-97, Мајами – Детроит 121-110, Торонто – Далас 122-92, Њу Орлеанс – Вашингтон 138-118, Сан Антонио – Хјустон 145-120, Милвоки – Орландо 130-91, Сакраменто – Чикаго 126-110, Портланд – Индијана 131-111, Феникс – Шарлот 111-99.

ФОТО: FACEBOOK / LA LAKERS