Меси ги разочара: Децата во Иран ги палат и ги фрлаат неговите дресови (ВИДЕО)

Меси пред неколку дена со екипата на Интер Мајами, беше во посета на Белата куќа каде што се сретна и со претседателот на САД, Трамп, а таа средба предизвика бурни реакции во јавноста.

Ваквиот потег на Меси и друштвото не беше воопшто добро прифатен во Иран поради актуелната ситуација помеѓу оваа земја и САД кој заедно со Израел изврши напад и во овој момент е во воен конфликт.

Поради тоа разочарување кон Аргентинецот изразија и неговите најмлади фанови во Иран, а на социјалните мрежи се појавија снимки на кои ги палат и ги фрлаат неговите дресови.