Бостон на крилјата на Тејтум го сруши Кливленд (ВИДЕО)
Кливленд беше очаен во нападот, посебно во втората четвртина кога постигна само 10 поени, додека Бостон на паузата замина со 56-36. Во вториот дел Бостон го одржуваше водството и запиша уште една победа.
Тејтум неодамна се врати на паркетот по тешката повреда на Ахиловата тетива, а натпреварот против Кливленд го заврши со 20 поени, три скокови и две асистенции.
Со оваа победа Бостон има 43 победи и 21 пораз, односно два триумфи помалку од лидерот Детроит пистонс.
Фото: Facebook/Boston Celtics