Динамо танцуваше на Пољуд, пропаѓа уште една сезона за Хајдук (ВИДЕО)

Фудбалерите на Динамо Загреб го победија Хајдук со 3-1 како гости во најголемото дерби во хрватскиот фудбал и направија гигантски чекор кон шампионската титула.

„Билите“ сега заостануваат десет бода зад лидерот и како што стојат работите, оваа сезона повторно ќе бидат без најважниот трофеј што го чекаат 21 година! Сите четири гола на мечот беа постигнати во првото полувреме, стрелци за Динамо беа Миха Зајц во седмата, Габриел Видовиќ во 11. и Монсфер Бакрар во 38. минута, додека Американецот Рокаш Пукштас го постигна почесниот гол за Хајдук во 28. минута.

Важен момент од натпреварот, можеби пресвртница за неговиот тек и исход, се случи при резултат 2-1 за гостите, во 37-та минута. Репрезентативниот голман на Динамо, Доминик Ливаковиќ одбрани шут со глава на Пукшташ, а топката, за среќа на домаќините, ја погоди и стативата по интервенцијата на голманот на гостите и отскокна во поле. Место 2-2, набрзо беше 1-3.

Во второто полувреме, освен спорадичните и не толку опасни обиди на домашниот тим, единственото нешто што вреди да се спомене беше факелијадата на навивачите на Динамо, поради што натпреварот беше прекинат седум минути.

Ова беше трето дерби помеѓу Хајдук и Динамо оваа сезона и втора победа на „вечниот шампион“ на Хрватска. Разликата меѓу нив сега изнесува 10 бода, на 11 кола пред крајот на сезоната.