Миовски остана на клупа, Ренџерс елиминиран од Селтик во ФА Купот (ВИДЕО)
По 120 минути игра, резултатот беше 0-0, па победникот се решаваше по изведување пенали. Трагичните фигури во изведувањето удари од белата точка беа капитенот Џејмс Таверние и Џеди Гасама.
Гостинската екипа одлично се бранеше Ајброкс и не дозволи гол и покрај 24. шутеви на Ренџерс, а притоа не создаде ниедна шанса за гол. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не доби шанса да покаже што знае и покрај тоа што неговите соиграчи не се снајдоа добро во нападот.
По натпреварот, навивачите на Селтик истрчаа на теренот за да ја прослават победата, која противничките навивачи не сакаа само да ја гледаат, па и тие влегоа на теренот. Стјуардите реагираа и ги раздвоија „завојуваните“ страни.