Јамал е лига за себе - стигна до 50 гола многу побрзо од Меси и Роналдо

Шпанската суперѕвезда Ламин Јамал постави нови граници во историјата на фудбалот откако синоќа го постигна победничкиот гол на гостувањето кај Атлетик Билбао.

За него тоа беше 50. гол на сениорско ниво, сметајќи ги клупските и репрезентативни настапи со што далеку ги надмина најголемите ѕвезди во историјата на фудбалот. До јубилејниот гол Јамал стигна на 18 години и 237 дена, додека, на пример, Меси стигна до 20 години и 315 дена, а Роналдо на 21 година и 297 денови. Од досегашните 50 гола, Јамал постигна 44 во дресот на Барселона и уште шест за шпанската репрезентација.

Младата ѕвезда на каталонскиот клуб стигна до 19 гола оваа сезона во сите натпреварувања со што го собори личниот рекорд, од минатата сезона. Сето  тоа му појде од рака н 2,5 месеци пред крајот на актуелната натпреварувачка кампања што значи дека ќе има можност далеку да го надмине досегашното најдобро достигнување.