Шкендија Арачиново им се врати на победите, Нухија постигна гол од корнер (ВИДЕО)
Со тоа продолжи успешната серија на водечките екипи во второлигашката конкуренција имајќи предвид дека во овој круг, победи славеа сите тимови од првото до петтото место. Головите ги постигнаа Ајрули, Нухија, Десниќ и Ливарека, но особено беше атрактивен погодокот на Нухија кој ја затресе противничката мрежа директно од корнер. За Шкендија ова беше прва победа по пауза од три кола бидејќи во претходните два меча, еднаш одигра нерешено и еднаш загуби што доведе до разделба со тренерот Љупчо Марковски.
Големо Коњари и по овој натпревар остана закован на последната позиција на табелата со само четири освоени бодови досега.