Јамал со прекрасен гол донесе важна победа за Барса од тешко гостување! (ВИДЕО)

Барселона со минимални 1-0 победи на гостувањето кај Атлетик Билбао, а херој беше Ламин Јамал.

Натпреварот беше изедначен, шанси имаа и двата тима. На Ињаки Вилијамс му беше поништен и погодок.

А, на вистински гол се израдува само Барселона. Разликата ја направи Ламин Јамал кој погоди во 68. минута.

Со оваа победа Барса ја врати предноста од четири бода над Реал Мадрид. До крајот има уште 11 кола.