Луди сцени во БиХ: Навивачите на Железничар ги дочека трибина премачкана со свинска маст!
Во првите 40 минути Железничар играше без поддршка од своите навивачи иако тие стигнаа во Добој на време.
„Манијаците“ не скале да влезат на гостинската трибина бидејќи таа цела била премачкана со свинска маст. Работниците на стадионот морале да ги исчистат седиштата, скалите и оградата и да стават песок, па потоа навивачите на Жељо влегле на трибината.
Навивачите на Слога Добој кој се наоѓа во Република Српска, им скандираа на гостинските фанови: „Усред рамазана, трибина намазана, ла, ла, ла“. Голем дел од „Манијаците“ се припадници на муслиманската вероисповед во која свинското месо е забрането, па сето ова било непријатна провокација од навивачите на Слога.
Сепак на крајот стадионот позадоволни го напуштија навивачите на Железничар бидејќи нивниот тим победи со 3-0.