Сосиедад не можеше да израмни и третпат, победа за Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)
Мечот од самиот стар тргна возбудливо, во петтата минута Сорлот донесе водство за Атлетико Мадрид, но само четири минути подоцна Солер изедначи на 1-1.
Во 67. минута гол на Нико Гонзалез за ново водство на Атлетико Мадрид, овојпат од 2-1. Но, во следниот напад Сосиедад пак изедначи, беше 2-2.
Течеше 81. минута кога Гонзалез постигна втор гол за водство на Атлетико Мадрид од 3-2, овојпат Сосиедад не успеа да израмни. Трите бода одат на контото на тимот на Симеоне.