Јанакопулос пак побудале - за време на дербито нареди да се тргне банер со Бодирога (ВИДЕО)

Две европски титули и уште три домашни шампионски купови, како и сè што Дејан Бодирога напреави на теренот за време на неговите четири години во Атина, како да се заборавени, сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, прибегна кон радикална мерка за време на дербито со Олимпијакос, кое црвено-белите го добија со 86-80!

Кратко по завршувањето на грчкото дерби, темпераментниот сопственик на Панатинаикос им соопшти на сите дека решил да го симне транспарентот со ликот на еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња! Јанакопулос се огласи и на социјалните мрежи и порача „Срам да ти е“, што јасно беше упатено кон поранешниот српски ас и великан на атинскиот гигант, денес претседател на Евролигата. Детал од ОАКА Арената е снимен од камерата на грчкиот портал Газета. Станува збор за моментот кога Бодирога го држи пехарот во рацете, откако ја освои Евролигата во 2000 година.

Фармацевтскиот бизнисмен долго време беше во војна со Евролигата, а особено кон Дејан Бодирога, бидејќи верува дека ПАО не е третиран фер во натпреварувањето, особено од страна на судиите. Што точно го мачи грчкиот бизнисмен е познато само нему, иако најчесто се жалел на судењето... Нема сомнение дека Јанакопулос ќе се појави уште неколку пати за да каже сè што му е на ум.