Газдата на Интер Мајами откри колку заработува Меси: Го заслужува секој цент

Сопственикот на Интер Мајами, Хорхе Мас ја откри потребата од спонзорски договори за тимот и колку заработува ѕвездата Лионел Меси.

„Причината зошто ми требаат спонзори и тоа од светска класа, е затоа што играчите се скапи. Му плаќам на Меси помеѓу 60 и 70 милиони годишно, ако се соберат сите бонуси, но тој го заслужува секој цент“, рече Мас.

Аргентинецот е втор најплатен фудбалер во светот, веднаш зад Кристијано Роналдо. Меси се приклучи на Интер Мајами во 2023 година и оттогаш одигра 90 натпревари, постигнувајќи 79 гола, за клубот од Флорида.