Медведев откри како бегал од гранатирањето на Дубаи: Изгледаше како холивудски филм!

Рускиот тенисер Данил Медведев и неговите колеги мораа да поминат низ драма во Дубаи поради нападите од Иран по тензиите на Блискиот Исток во претходните денови.

Медведев, откако го освои пехарот на тунирот, се соочил со вистински хорор затоа што воздушниот простор бил затворен поради ракетните напади.

Русинот заедно со Андреј Рубљев и Карен Хачанов со автомобил бегале преку граница кон Оман, а тоа ги чинело по 2.000 долари по лице.

Патувањето не било ниту кратко, ниту едноставно затоа што возењето траело со часови низ тешка рута, а потоа ги чекал специјален авион кој требало да ги изнесе од опасноста.

Сепак, нова драма се случила на граница, кога тенисерите се соочиле со нов проблем, односно нивниот возач не можел да го пронајде пасошот.

„Стигнавме во Оман со автомобил. Патувавме дури седум часа, а потоа се соочивме со нов проблем. Нашиот возач не можеше да го најде пасошот. Ние поминавме граница, а потоа мораше да се вратиме назад. Сепак, за среќа успеа да ја најде патната исправа и повторно тргнавме за Оман. Кога раскажувате, изгледа како холивудски филм, но не беше воопшто едноставно“, открива тој.