Заедно и во лошо и во добро: Ашковски и Асани се дружат и на дербито за титула! (ФОТО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Ашковски и поранешното вардарово дете, Јасир Асани, кои се најдоа во центарот на вниманието поради голготата при бегството од Иран каде што настапуваа како професионалци, попладнево покажаа дека и покрај тешките моменти, сепак, не можат без фудбал.

Двајцата се појавија на теренот во центарот „Петар Милошевски“ за да го проследат дербито помеѓу Вардар и Шкендија. Нивната дружба од убавите времиња во Иран, но уште повеќе од периодот на кризата и бегството во страв за сопствениот живот, продолжува и во „мир“ по еден ден одмор од патешествието.

Ашковски мина низ голгота за време на бегството од војната во Иран, над него летале бомби и три дена буквално ништо не јадел и прашање е дали денеска ќе гледаше фудбал во Скопје да не беше Асани. Албанскиот репрезентативец роден во Скопје му помогнал со обезбедување шофер и услови да ја напушти иранската територија и да дојде во Истанбул, од каде што завчера заедно се вратија дома.