Кошаркарите и покрај двете победи паднаа за две места на ранг-листата на ФИБА!
„Виновни“ за тоа беа селекциите на Швајцарија и Чиле, кои собраа доволно поени за да нѐ прескокнат и покрај нашиот добар настап во оваа фаза од претквалификациите за ЕП 2029 во која прво го совладавме Луксембург на домашен терен, а потоа бевме подобри од Азербејџан на гости. Македонија со тоа се најде меѓу само четирите селекции кои имаа најголем пад во овој репрезентативен циклус, заедно со Велика Британија, Словачка и Малта. Азербејџанците, пак, поради изненадувачката победа на гости кај Ирска го имаат најголемиот скок и тоа за пет позиции.
Жолто-црвените, пак, во конкуренција на европските земји се на 31. место, како најдобро рангирана меѓу конкурентите во претквалификациската група. На врвот немаше промени, односно САД останаа лидери пред светскиот првак Германија, Србија, Франција и Канада. Единствена скокна Грција, која сега е на 12. местом надминувајќи ја Летонија.