Тренерот на Брајтон удри по Арсенал: Срамно е така да задржуваат време!
Херцелер е просечен тренер кој никогаш ништо не освоил во кариерата, нема притисок за добри резултати, но има дрскост да го искритикува лидерот во Премиер лигата за начинот на кој игра.
„Ако ја освојат Премиер лигата никој нема да праша како ја освоиле. Мислам дека сите имате чувство дека тие би направиле се за да го добијат натпреварот. Секој тим се обидува да задржи време, но треба да има некоја граница, тоа тие што го правеа не е нормално. Премиер лигата треба да ги промени правилата“, рече тренерот на Брајтон.
„Јас никогаш не би бил тренер што го прави тоа, сакам мојот тим да игра фудбал и да биде активен“.