Meгваер осуден за тепачката на Миконос (ВИДЕО)

Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, доби условна казна затвор во траење од 15 месеци по повтореното судење пред грчкиот суд за инцидентот што се случи на островот Миконос во август 2020 година.

Англискиот репрезентативец првично во 2020 година беше осуден на 21 месец и десет дена условна казна поради нанесување телесни повреди, обид за поткуп и давање отпор на полицијата.

Неговиот правен тим веднаш поднесе жалба, што според грчките закони автоматски ја поништи првичната пресуда и овозможи процесот да почне од почеток. По новото судење, судот утврди дека Мегваер е виновен за полесен напад, спротивставување при апсење и обид за поткуп. Поради поблагата правна квалификација на делото, казната му беше намалена на 15 месеци условно.

Според британски медиуми, Мегваер и понатаму ја негира вината и најавува нова жалба до Врховниот суд, со цел по правен пат да ја докаже својата невиност.