Германецот со кој одигравме голеада против Италија ќе ни суди во мундијалската битка!

Македонија овој месец на 26 март ја очекува натпреварот во Копенхаген против Данска во полуфиналето од баражот за Светското првенство наредното лето во САД, а веќе е познато и дека Германци ќе ни судат за овој дуел.

За главен судија избран е Феликс Цвајер кој ја делеше правдата во Италија во 2023 годна кога Македонија во Рим беше поразена со 5-2. Двата гола за нас во тој натпревар ги постигна Јани Атанасов во 52. и 74. минута, додека за Италијанците стрелаа: Дармијан, Киеза, Распадори, Ел шарави и Жоргињо.

Негови асистенти ќе бидат Роберт Кемптер и Кристијан Диц, исто така од Германија. Функцијата четврти судија ќе ја извршува Даниел Шлагер.

За ВАР задолжени се Бастијан Данкерт како главен ВАР судија и Саша Штегеман како АВАР. Судиски контролор на средбата е Вилијам Јанг од Шкотска, додека делегат на натпреварот е Жоао Мораиш од Португалија.