Трамп дециден: Ич не ми е гајле дали Иран ќе го бојкотира Мундијалот во САД!

Американскиот претседател, Доналд Трамп, ја коментираше можноста Иран да се повлече од претстојното Светско првенство во фудбал, кое годинава треба да се одржи во САД, Канада и Мексико.

Иранската фудбалска федерација размислува за таков потег по последните напади врз земјата, за кои се тврди дека биле изведени од САД и Израел, што дополнително ги зголеми тензиите во регионот. На прашањето како гледа на можноста Иран да не настапи на Мундијалот, Трамп кратко одговори дека тоа воопшто не го загрижува.

„Воопшто не ми е гајле. Иран е земја која претрпе катастрофален пораз. Нивната сила е исцрпена“, изјави Трамп.

Фудбалското СП е предвидено да почне на 11 јуни, а да се заврши на 19 јули со финалната пресметка.