Поранешен тренер на Челси е гостин на струмичка Брера!

Бившиот селектор на Израел и тренер на Челси, Аврам Грант ја посети Струмица, каде што ќе го следи натпреварот меѓу Брера и Струга во рамки на Првата лига.

 Екипата од Струмица соопшти дека присуството на легендарниот Грант ќе биде дополнителен мотив за фудбалерите на Брера во денешната пресметка.

„Оваа посета е уште една потврда за визијата, контактите и амбицијата што Зоки ги вложува во развојот на Брера Струмица. Да донесеш светско фудбалско име во нашиот град значи работа, почит и јасна цел – раст на клубот на сите нивоа.

Денес ќе го проследи и натпреварот против Струга - дополнителен мотив за фудбалерите да го дадат максимумот“, објавија од струмичкиот клуб.

Грант во текот на кариерата ги тренираше Макаби Тел Авив, Хапоел Хаифа, Челси, Портсмут, Вест хем, Партизан и други екипи.