Хетафе со супер гол го победи Реал Мадрид на Бернабеу! (ВИДЕО)
Реал Мадрид ја мина Бенфика во Лигата на шампионите, но следува кикс во шпанското првенство.
Хетафе кој се наоѓа на средина од табелата ги освои трите бода на Бернабеу и тоа на фантастичен начин.
Сатриано во 39. минута постигна прекрасен гол за водство на Хетафе од 1-0, што на крајот се покажа и како конечен резултат.
Реал Мадрид со сите сили се обидуваше да се спаси од пораз, но гостите се одбранија.
Во самиот финиш беше поделен по еден црвен картон, најпрво Мастантуоно кај Реал беше исклучен поради приговор кон судијата, а потоа и Лисо од Хетафе доби втор жолт.
На 12 кола до крајот на сезоната Барселона има 64 бодови, Реал Мадрид 60.