Страшен гол на Одгард за победа на Болоња во 90. минута - соиграчите се фатија за глава! (ВИДЕО)

Болоња со 1-0 победи на гостувањето кај Пиза во меч од Серија А, а единствениот погодок беше фантастичен, ремек-дело на Данецот Јенс Одгард.

Кога се очекуваше дека мечот меѓу Пиза и Болоња ќе заврши без голови, Одгард упати маестрален шут од далечина и постигна фантастичен гол за победа на Болоња во последните минути од натпреварот.

Со оваа победа Болоња се качи на осмата позиција, Пиза заедно со Верона се двете најлоши екипи во Серија А.