Бецеки победник на првата трка во сезоната, шампионот немаше свој ден
Италијанскиот возач сметајќи ја и минатата сезона стигна до третата победа во низа во Мото ГП и стана првиот мотоциклист на Априлија со таков учинок. Зад него на втората позиција заврши победникот од вчерашната спринт трка, Педро Акоста кој заостана над пет секунди.
Последното место на подиумот му припадна на Раул Фернандез од Терекхаус рејсинг. Актуелнито светски шампион Марк Маркез трката ја заврши пет круга пред крајот поради проблеми со гумата, додека неговиот брат Алекс Маркез еден круг подоцна излета од патеката.
Во генералниот пласман води Акоста со 32 бода, Бецеки следи со 25, а Фернандез е на 23. Следната трка се вози на 22 март за Големата награда на Бразил.