Aсенсио бил изгубен: Не знаел каде е и што се случува по страшниот судир (ВИДЕО)

Младиот дефанзивец на Реал Мадрид, Раул Асенсио во реванш натпреварот против Бенфика во плеј-офот од Лигата на шампионите заработи тешка повреда по еден судир со соиграчот Камвинга, а сега првпат зборуваше на оваа тема. 

По судирот во воздух, Асенсио незгодно падна на тревникот, а сцената изгледаше загрижувачки. Лекарскиот тим му пружи помош неколку минути, по што со најголема претпазливост беше ставен на носила и изнесен од теренот. 

Неколку дена подоцна, шпанскиот фудбалер гостуваше на клупската телевизија и се потсети на тие моменти кога како што вели бил буквално изгубен. 

 „Знам дека топката беше висока и дека скокнав по неа, а следното што се сеќавам е дека бев на земја со лекарите, по ударот што го примив од Камавинга. Целосно се изгубив, не знаев каде сум и што се случува. Дури во тунелот повторно почнав да се се сеќавам, навистина беше непријатно. Благодарност за докторите и сите што ми помогнаа во тие моменти“, изјави Асенсио.

Ќе потсетиме, Реал победи против Бенфика и во реваншот со 2-1 со што се избори за место во осминафиналето.