Евролигата во проблеми: Откажан еден натпревар, два се под голем знак прашалник!
Израел, со поддршка од САД, изврши напад врз Иран, кој возврати со бомбардирање не само на израелска територија, туку и на американски бази во Кувајт, Обединетите Арапски Емирати, Јордан и Ирак. Новата ескалација на конфликтот неминовно се одрази и врз спортските случувања.
Така, Евролигата го откажа натпреварот од 21. коло меѓу Хапоел Тел Алвив и Париз кој требаше да се одигра во вторник, на 3 март во Тел Авив. Новиот термин ќе биде дополнително одреден.
Иако сè уште нема официјална одлука, најверојатно истата судбина ќе ја доживее и пресметката меѓу Макаби Тел Авив и Хапоел Тел Авив, закажана за 6 март, исто така во Тел Авив.
Под знак прашање е и дуелот меѓу Партизан и Дубаиl, кој треба да се одигра на 5 март. Во моментов воздушниот простор над Обединетите Арапски Емирати е блокиран, па неизвесно е дали кошаркарите на тимот од Дубаи ќе можат да допатуваат во Белград за натпреварот.