Брегалница ја наполни мрежата на Вардар Неготино и го искористи ремито на ривалите

На програмата денеска беа натпревари и од 17. коло во ВМФЛ, а дербито на колото не донесе премногу возбудувања.

Имено, ова коло го донесе судирот на двете првопласирани екипи на табелата, Охрид и Шкендија Арачиново, а дуелот на крајот заврши без погодоци и тоа беше единствениот во кои мрежите не се тресеа.

Ремито повеќе им одговара на домаќините кои на тој начин останаа лидери со само бод, предност пред Шкендија, трете Брегалница со 36.

Штипјани не дозволија изненадување и ја наполнија мрежата на Вардар Неготино славејќи со 7-1 со што го искористија нерешениот резултат на ривалите да се доближат. Тука и Скопје кој денеска славеше над Беласиса со 1-0 и дојде на само бод од штипскиот состав.

ВМФЛ 17 КОЛО РЕЗУЛТАТИ:

Брегалница – Вардар Неготино 7-1

Детонит – Ттекс  2-1

Скопје – Беласица 1-0

Големо Коњари – Слога Виница 2-2

Каменица Саса – Победа 2-0

Новаци – Кожуф 1-0

Охрид – Шкендија Арачиново 0-0

Преспа - Осогово 0-1