Дербито на Вардар и Струга заврши по мерка за Шкендија! (ФОТО+ВИДЕО)
Првото полувреме донесе по некоја прилиак и на двете страни, а Вардар успеа да ја искористи првата посериозна. Веднаш по една опасна ситуација пред голот на Талески кога беше досуден офсајд на спротивната страна во 13. минута гостите од Скопје дојдоа до водство.
Одличното нафрлување по еден корнер на вистински начин го искористи дефанзивецот Матиќ кој се извлече стрелаше во мрежата. Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме, па Вардар на одмор замина со водство.

Во второто полувреме црвнено-црните како да подзастанаа, Струга имаше иницијатива, а таквата игра ја искористија на десетина минути пред крајот. Слично како Вардар и Струга постигна гол по прекин, по еден слободен удар најдобро во шеснаесетникот се снајде Малески.
Најголемата шанса Вардар во второто полувреме ја имаше преку Босанчиќ на три минути пред крајот на регуларните 90 минути, но ударот на Босанчиќ заврши во стативата.
Од ова реми може да профитира Шкендија која е второто место и сега има прилика да се доближи до Вардар на три бода, но и да побегне на „плус пет“ од Струга.


