Хет-трик за Швајцарија: Одермат се врати на победите, хитот од Милано без подиум (ВИДЕО)

Откако на Зимски олимписки игри не успеа да стигне до златен медал, швајцарскиот скијач Марко Одермат им се врати на победничките навики со триумф на спустот од Светскиот куп во Гармиш-Партенкирхен.

На легендарната патека „Кандахар“, Одермат ја мина делницата долга 3.300 метри со висинска разлика од 920 метри за 1:47.57 минути. Зад себе ги остави сонародниците Алексис Моне (+0.04) и Стефан Рогентин (+0.21).

Олимпискиот шампион, Швајцарецот Фрањо фон Алмен, кој пред две недели во Бормио освои три злата, трката ја заврши на шестото место со заостанување од 1.5 секунда.

За Одермат оваа победа доаѓа како мала утеха по Олимписките игри што ги заврши со три медали, но без злато, како и со разочарувачко четврто место во спустот.

 

Фото: EPA