Њукасл го плати 85 милиони евра, а Англичаните го прогласија за најлош трансфер во историјата

На некои трансферот на Ник Волтмаде во Њукасл за 85 милиони евра им изгледаше како голема лудост, а најгласен меѓу критичарите беше Карл Хајнц Румениге кој на крајот изгледа имаше право.

Баерн покажа интерес за германскиот напаѓач, но немаше намера да плати 85 милион евра, а на крајот кога заврши во Њукасл Румениге порача:

„Му честитам на Штутгарт што пронајде идиот кој плати толку пари за Волтемаде“, изјави легендата на Баерн.

Сега англискиот „ТАЛКспорт“ го прогласи дури и за најлошт трансфер во историјата.

„Ник Волтемаде е најлошиот трансфер во историјата на Премиер лигата. Ова не е ништо лично против него, слушаме дека е одличен соиграч. Но, 85 милиони евра за таков играч… мора да бараме многу подлабоко“, порачаа од медиумите.

Во продолжение тие посебно го критикуваа и неговиот настап против Карабах во Лигата на шампионите кои го посочија како еден пример.

„Против Карабах пред некоја вечер кога дуелот практично веќе беше решен, играчите имаа можност да блеснат, а нивниот скап напаѓач, кому му се потребни голови, почнуваше во средниот ред. Можеби затоа што Еди Хау нема доверба во него како класична ‘деветка’. Не одигра добро на таа позиција. И самиот Хау кажа дека не бил добар како централен играч за врска и дека тоа бил натпреварот во кој имал најмалку влијание откако пристигнал во клубот.“, се додава во текстот.

Волтемаде од доаѓањето од Бундеслигата во Њукасл има 41 настап во сите натпреварувања, со 10 постигнати голови и четири асистенции. Во Премиер лигата, на 24 настапи, постигна седум голови и забележа две асистенции.