Мрежичките во „новиот“ Градски парк сефтосани со стил - со атрактивно забивање (ВИДЕО)

По пауза од над пет години, во Градски парк повторно се игра кошарка, а по две децении, таму настапува македонската репрезентација.

Денеска е првиот меч по пуштањето во употреба на реновираниот објект, Македонија се среќава со Луксембург во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година. Ќе остане запишано дека првиот кош во новиот Градски парк го постигна натурализираниот македонски репрезентативец Итан Хап кој го отвори резултатот по само 16 секунди игра.

И тоа го направи на атрактивен начин, со забивање на асистенција на Марин Петков кој доби шанса како стартен плејмејкер.