УФЦ спектакл требало да се одржи во Белград – пропаднал поради пари!

Во претходниот период дел од медиумите во регионот пишуваа дека настан на УФЦ би можел да се одржи во Белград, но според последните информации тој проект пропаднал.

Така барем тврдат познатиот Александар Илиќ познат како „Џокер“ и неговиот тренер Иван Ѓорѓевиќ-Ицко, кои беа гости во подкастот „ММА Респект“. Според нив за настанот да се одржи, градот домаќин треба да претходно да уплати сума од десет милиони евра.

Овој износ служи за заштита на промоторите од финансиски загуби. Во УФЦ се свесни дека во земјите со понизок стандард не може многу да се заработи од билети, а и отсуството на најголемите ѕвезди би го намалило телевизискиот интерес.

Поради тоа, организацијата инсистира на фиксна уплата која Србија не била подготвена да ја плати.

„Она што го слушнав во Минхен е дека властите на Република Србија треба да уплатат десет милиони евра на сметката на УФЦ. Не знам дали сте свесни во каква состојба е државата. Не мислете дека УФЦ доаѓа за да ги промовира нашите борци. Тие би ги промовирале своите млади борци, а од нашите би настапиле еден можеби и двајца. На нив не им е важно колку билети ќе се продадат или нешто друго, тие сакаат борби за своите борци. Затоа, не гледам голема корист од нивнoто доаѓање“, изјави Ѓорѓевиќ.

Фото: EPA