Ждрепка за ЛЕ: Рома ќе води италијанска битка, Порто гостува во Германија!

Веднаш по ждрепката за Лигата на шампионите во Нион беа извлечени и паровите за второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа.

Битката за четвртфинале така ќе донесе една италијанска пресметка помеѓу Болоња и Рома, Нотингем повторно ќе игра против Мјитиланд, а од поинтересните дуели тука може да се издвојат уште Астон вила - Лил, Штутгарт - Порто.

Првите натпревари се закажани за 12 март, додека реваншите ќе се играат седум дена подоцна.

Генк – Фрајбург

Болоња – Рома

Ференцварош – Брага

Штутгарт – Порто

Панатинаикос – Бетис

Нотингем форест – Мјитиланд

Селта – Лион

Астон вила - Лил

 

Фото: EPA