Пелистер рекреативно ќе доигра во ЛШ – веќе нема ни теоретски шанси за осминафинале!
Францускиот тим неочекувано се мачи оваа сезона, но сега дојде до 10 бодови, пет повеќе од пелистерци со што си обезбеди место во доигрувањето. Последен тим што е во игра за плејофот е дански ГОГ, кој има четири бодови повеќе од македонскиот претставник, но и подобар резултат во меѓусебните дуели (победа и реми).
Пелистер во досегашните 12 кола од ЛШ оствари две победи и има една нерешена средба, токму таа од пред два дена во Данска, додека радоста беше остварена во пресметките на домашен терен против Загрен и ПИК Сегед.