Во полниот „Градски парк“ да го растуриме Луксембург - доказ дека сме над ова ниво!
По убедливиот настап против Азербејџан (87-49) на домашен терен и гостинската победа над Ирска (88-76) во Даблин, избраниците на селекторот ќе атакуваат на трет последователен триумф. Потенцијалните два нови бода значително би ја доближиле Македонија до пласман во следната фаза од натпреварувањето.Македонската репрезентација по речиси две децении повторно ќе настапи како домаќин во салата во „Градски парк“, која во изминатиот период беше целосно реновирана и подготвена за вакви настани.
„Црвено-жолтите“ и вечерва ќе ги предводи капитенот Војдан Стојановски, во натпревар кој се очекува да се игра пред полни трибини, со оглед на тоа што билетите се веќе распродадени. Тој потенцира дека Луксембург е селекција која заслужува респект: Ова, воедно, ќе биде прв меч за новиот селектор, Шпанецот Хозеп Мариа Берокал.
„Играме против Луксембург, една добра репрезентација во која шутираат сите кои што се во моментот на теренот. Селекција која игра без класичен центар, што говори дека форсираат брза игра за која треба да најдеме соодветен одговор“, истакнува капитенот на Македонија.
Тој додава дека енергијата и одбраната ќе бидат клучни фактори во дуелот со противник кој исто така има две победи во првите две кола од претквалификациите.
„Наше е да дадеме сè од себе, да го потрошиме и последниот атом енергија. Потребна ни е добра енергија за ваков тип на натпревари, а со квалитетна одбрана можеме да дојдеме до посакуваната победа“, нагласува Стојановски.
18.00: МАКЕДОНИЈА – Луксембург
20.30: Ирска – Азербејџан
ТАБЕЛА: МАКЕДОНИЈА 2-0, Луксембург 2-0, Ирска 0-2, Азербејџан 0-2.