Тројца стопери на радарот на Барселона за претстојното лето
Зајакнувањето на одбраната е главен приоритет, а подготовките за тоа се веќе почнати. Според извештаите од Шпанија, „блауграна“ бара централен дефанзивец од највисоката класа кој ќе додаде квалитет и длабочина во одбраната. На врвот на листата се Маркос Сенези, Алесандро Бастони и Нико Шлотенберг кои се сметаат за потенцијални цели.
Претстојното лето ќе биде интензивно за Барселона кога станува збор за дефанзивни потези, бидејќи одборот се стреми да ја засили својата одбрана со фудбалери кои ќе донесат моментални подобрувања, како и долгорочни решенија.