Искасапено лицето на херојот на Аталанта, ама на клубот му донесе 11 милиони евра (ФОТО)
„Милионерите“ на првиот натпревар на домашен терен славеа со 2-0. Во реваншот, Аталанта ја анулира негативата до полувреме со головите на Џанлука Скамака и Давиде Запакоста. Голот на Марио Пашалиќ во 57-та минута ѝ донесе на Аталанта водство од 3-0 и вкупен резултат од 3-2. Сепак, во 75. минута, Карим Адејеми постигна гол за Борусија, која со тоа го израмни натпреварот на 3-3. Се чинеше дека победникот ќе биде решен во продолжение или на пенали, бидејќи длабоко во судиското продолжение резултатот беше израмнет, но голманот на Борусија, Грегор Кобел направи сериозна грешка во судиското надополнување на времето. Неговото лошо додавање го пресече Пашалиќ, кој веднаш нафрли во шеснаесетникот.
Таму беше Никола Крстовиќ кој храбро тргна кон топката со глава и доби силен удар. Дефанзивецот на Борусија, Рами Бенсебаини го удри со копачката по што главата на Крстовиќ се раскрвари. Шпанскиот судија Хозе Санчез му даде втор жолт картон на играчот на Борусија и покажа на белата точка. Лазар Самарџиќ сигурно го претвори пеналот во гол за конечни 4-1 и пласман на Аталанта во осминафиналето.
Аталанта го слави храбриот црногорски напаѓач како херој во победата кој, меѓу другото, му донесе на клубот 11 милиони евра, премија од УЕФА. Неговите соиграчи се фотографираа со него по натпреварот, а Крстовиќ покажа на социјалните мрежи како изгледа неговата глава откако доби удар. Лузните ќе исчезнат, ама херојството на Крстовиќ ќе остане запамтено засекогаш.