Ван Дер Сар раскажа како завршил на интензивна нега во Хрватска
Холанѓанецот беше на одмор во Хрватска, а откако му се влошила здравствената состојба веднаш бил пренесен во болница.
„Сопругата и јас бевме на одмор и сè ни беше добро до последниот ден. Почнав да се чувствувам лошо во хотелот. Ме болеше вратот и главата. Ѝ кажав на сопругата да ги затвори прозорците затоа што не се чувствувам добро. Повикавме доктор и завршив во болница. Таму останав три месеци, а потоа дадов отказ во Ајакс. Тоа беше голем чекор за мене. Заклучив дека не можам повеќе да му помогнам на тимот“, раскажа голманот.