Познати сите клубови во осминафиналето на ЛШ - ова се можните комбинации!

По одигрување на реваншите во плејофот во Лигата на шампиони (ЛШ) беа познати и последните осминафиналисти во елитното фудбалско натпреварување, а в петок ќе се одржи ждрепката за останатите рунди до самото финале.

Ждрепката е закажана за петок, 27 февруари, со почеток од 12 часот, при што ќе бидат познати конечните парови во осминафиналето, но и останатиот костур од турнирот.

Во оваа фаза ќе можат да се сретнат дури и екипи од иста држава, па така Барселона и Челси за противници може да ги добијат ПСЖ или Њукасл. Ливерпул или Тотнем ќе играат против Атлетико Мадрид или Галатасарај. Спортинг Лисабон или Манчестер сити ќе се соочат против Бодо/Глимт или Реал Мадрид. Арсенал или Баерн Минхен ќе се судрат против Аталанта или Баер Леверкузен.