И Србите полудеа по Зунзуровски - го споредуваат со Џордан од првиот тим на Ц. Звезда (ВИДЕО)

Кошаркарите на Црвена Звезда во борбата за трофејот во Мини Купот беа поразени од Мега, но навивачите на „црвено-белите“ полудеа по еден од младите кошаркари, односно Александар Зунзуровски.

Зунзуровски е роден од Њујорк, а неговите родители се од Порторико и Македонија, па на само 15 години ги потсети српските навивачи на кошаркарот од првиот тим на Ц. Звезда, Џордан Нвора.

„Ние го имаме Џордан и во младинските категории“, напиша еден од фановите и објави видео од кошаркарот со македонски корени кои потсетува на ѕвездата од првиот тим.

Неговиот татко со идентично име и презиме пред четврт век играше во македонското кошаркарско првенство, во дресот на Работнички по што замина за Германија, а потоа уште млад ја заврши кариерата поради тешки повреди и операции. Мајката на помладиот Зунзуровски е од Порторико, а тој има американско државјанство затоа што е роден во Њујорк.