Навивачите на Торино ја шокираа Европа – оставиле измет пред тренинг-центарот (ВИДЕО)

Навивачката страст во Италија одамна е позната по својата жестина, но потегот на дел од навивачите на Торино деновиве привлече големо внимание и надвор од границите на земјата.

Група од десетина навивачи се собра пред тренинг-центарот на клубот со цел јавно да го искаже незадоволството од моменталната состојба и раководењето со тимот. На социјалните мрежи брзо се прошири видео на кое се гледа голем транспарент испишан со црвен спреј, со порака „Измет ист како Каиро“, која е директно насочена кон претседателот на клубот, Урбано Каиро.

Со оваа порака, навивачите отворено ја покажаа фрустрацијата од управата и правецот во кој се движи клубот, сметајќи дека резултатите и амбициите не се на ниво со традицијата и очекувањата. Протестот, иако мал по бројност, имаше силна симболика и одекна во италијанската спортска јавност.

Торино по 26 кола во Серија се наоѓа на 15. позиција на табелата со 27 бодови, само три победи од Лече кој е прв под линијата за испаѓање.